Безбедноста на новинарите - основен елемент на слободата на изразување

Советот за човекови права на ОН за првпат ја потврди важноста од безбедноста на новинарот, како основен елемент на слободата на изразување. Телото составено од 47 членки прифати резолуција спонзорирана од страна на Австрија која ги повикува сите членки да „промовираат безбедна и поволна средина за новинарите да можат да ја вршат својата работа независно“ и да се обезбеди „непристрасна, брза и ефективна истрага“ во случаи на насилство против новинарите.