Протести и контрапротести пред Собрание

Архивска фотографија- протест на стечајците пред Владата на РМ.

Стечајците протестираат пред Собранието на Македонија. Тие бараат да влезат во собранието каде се одржува седница за пратенички прашања и на неа да се расправа и за нивниот статус. Стечајците велат дека ќе останат пред Собранието се се додека не се слушнат нивните барања.

Истовремено пред Собранието протестираат и земјоделци поради незадоволството што Законот за земјоделство и рурален развој не доби поддршка во Собранието од страна на опозициската СДСМ.

Протестот на земјоделците, e поддржан и од граѓанската иницијатива Жртви на транзицијата.

Полицијата ги разделува двете групи за да не дојде до судир меѓу нив.