Папуа Нова Гвинеja го призна Косово

Папуа Нова Гвинеја ја призна независноста на Косово, јави радио телевизија Косово , повикувајќи се на извори во косовското Министерство за надврошени работи.
Папуа Нова Гвинеа е 94 земја што ја призна независноста на Косово.

Косовските медиуми јавуваат дека наскоро и Сингапур ќе го признае Косово.
Министерот за надворешни работи Енвер Хоџај на средбата со сингапурските власти на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, побарал и оваа држава да го признае Косово и изразил оптимизам дека Сингапур наскоро ќе го направи тоа.