Интелектуалната попреченост не мора да е преносна на децата

Интелектуалната попреченост кај децата е најверојатно поради случајна генетска мутација на детето отколку поради наследство од родителите, се наведува во европската студија на Институтот за медицинска генетика во Цирих.
Во студијата се наведува дека наодите можат да им дадат надеж на родители на деца родени со тешки пречки во интелектуалниот развој кои се загрижени и поради тоа не стравуваат да имаат друго дете. Студијата е извршена врз 51 деца и во најмалку 55 проценти од случаите нема докази дека родителите пренесле „погрешни“ гени. Студијата ја објави медицинскиот журнал Лансет.