Состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија

Советот за безбедност на ОН одржа состанок на високо ниво за кризата во Сирија, која влезе во 18-от месец, а крајот сеуште не е на повидок. Бунтот против сирискиот претседател Башар Асад прерасна во оружен конфликт во кој загинаа 27 илјади луѓе, според сириски активисти.
Генералниот секретар Бан Ки-Мун го предупреди Советот дека ако не биде најдено решение, кризата може да се прелее во поширок конфликт кој би можел да ги вовлече и регионалните сили.
Шефот на Арапската лига Набил Елараби, чие регионално тело беше пофалено за напорите да се најде мирно решение за кризата, повика ОН да се обидат со поинаков пристап да ја решат кризата.