Морси: конфликтот во Сирија мора да запре

Мухамед Морси

Египетскиот нов исламистички претседател Мухамед Морси го имаше првото обраќање во ОН. Во долгиот говор тој го нарече конфликтот во Сирија „трагедија на овој период од историјата“, истакнувајќи оти тој мора да биде запрен.
Морси исто така го осуди градењето станбени објекти од страна на Израел на палестинска територија. Тој побара ОН да ги примат Палестинците во своето членство, со или без постигнат мировен договор со Израел.
Морси во обраќањето го осуди и интернет видеото направено во САД, кое го навредува исламскиот пророк Мухамед.