Сакашвили: Грузија е подемократска земја од Русија

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили изјави дека владината реакција на скандалот за малтретирања во затворите е доказ дека Грузија е подемократска земја од Русија. Скандалот настана откако во јавноста се пушти видео снимка од затворски стражари кои малтретираат затвореници. Руските власти во понеделникот соопштија дека снимката покрева прашања за способноста на грузиската влада да ги заштити правата на граѓаните.