Најмалку 7 загинати во експлозија на бомба во источна Турција

Архивска фотографија.

Најмалку седум припадници на силите за безбедност на Турција загинаа во експлозија на бомба, активирана при преминување на оклопно возило во центарот на градот Тунџели во источниот дел од државата.
Бомбата најверојатно ја поставиле припадници на ПКК и активирале од далечина во момент кога минувало оклопното возило.
Во експлозијата оштетен е и еден автомобил.
Во источна Турција се активни припадници на ПКК кои од 1984 година се борат за автономија во населениот претежно со Курди југоисточен дел од државата.