Државата почна да се раздолжува на стопанството

Државата почна со исплата на обврските кон стопанството. Парите од денеска се префрлени на сметките на повеќе компании од металуршкиот сектор.
Според најавата на премиерот Никола Груевски во обраќањето пред бизнис заедницата, побарувањата на компаниите од државата ќе се исплатат до февруари следната година, а првиот дел во ноември годинава. Металуршкиот сектор е еден од најголемите побарувачи на поврат на ДДВ.