Во Ирак убиени 8 припадници на безбедносните сили

Најмалку девет полицајци и војници загиналe денeска во Ирак, во новиот бран на напади врз безбедносните сили, соопштија денеска ирачките власти. Во престрелки и напади на контролни пунктови биле убиени 4 полицајци и 4 војници, од кои еден армиски генерал. Насилството во Ирак бележи пад од својот врв во 2006 и 2007 година, но се уште има смртоносни напади, тие особено се интензивираа во последните неколку месеци.