Кина и Јапонија разговараат за спорните острови

Анти-јапонски протести во Кина.

Кинески и јапонски преговарачи се сретнаа денеска во Пекинг на разговори за спорните острови во Источно Кинеско Море. Од кинеското министерство за надворешни работи соопштија дека двете страни „искрено и длабокот “ размениле мислења, но Кина повторила дека нема да толерира никакви унилатерални дејствија од страна на Јапонија со кои се крши територијалниот суверенитет на Кина.
Средбата е дел од обидите да се ублажат тензиите откако Јапонија купи некои ненаселени острови, од приватни сопственици пред две недели. Тоа предизвика насилни протести во Кина и неформален бојкот на јапонските производи. Кина, Јапонија и Тајван тврдат дека островите се нивни.