Попоски: почитување на одлуките на Меѓународниот суд на правдата

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски вчера во Њујорк се обрати на состанокот за владеење на правото во организација на Генералниот секретар на Светската организација. Тој се осврна врз заложбата на Македонија за почитување на имплементирање на одлуките на Меѓународниот суд на правдата од страна на сите земји членки, а ја нагласи меѓу другото и потребата од зајакнување на улогата на Меѓународниот суд на правдата, соопшти МНР.