Претседателот Обама со поддршка за македонските интеграции

Преседателот Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера во Њујорк, за време на приемот за шефовите на делегации кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации, се сретна со американскиот претседател Барак Обама. Притоа, како што јавува МИА, Обама истакнал дека САД даваат силна поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО. Американскиот претседател изразил благодарност за придонесот што Македонија го дава во воените мисии како што е мисијата во Авганистан. Обама го охрабрил и дијалогот на Македонија и Грција за надминување на спорот за името, во надеж дека ќе се дојде до решение. Инаку, Ѓорге Иванов вчера одржа две предавања на елитниот американски универзитет Харвард, во Бостон, на кои ги претстави македонските интеграции и македонскиот модел на инклузивност во општеството.