Ахмадинеџад го критикуваше Советот за Безбедност на ОН

Иранскиот преседател Махмуд Ахмадинеџад пред почетокот на Генералното Собрание на ОН го осуди Советот за Безбедност дека ја подржува како што рече нуклеарната војна на Израел на Блискиот Исток со нуклеарен арсенал кој Изрел одбива да го затвори. Ахмадинеџад исто така рече дека Иран е подготвен да се одбрани од секој напад на Израел додавајќи дека еврејската држава на Блискиот Исток ќе биде елиминирана. Генералниот секретар Бан Ки Мун го предупреди Ахмадинеџад за опасностите во неговата реторика за време на нивната средба во Њу Јорк викендот.