Во Њујорк почнува седницата на Генералното Собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк денеска почнува седницата на Генералното собрание кое ќе трае до 1 октомври.Пред отворањето на Генералното Собрание ,генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе го претстави годишниот извештај за работата на Светската организација.
Говори ќе одржат американскиот претседател Барак Обама, претседателката на Бразил Дилма Русеф, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан.
Свое обраќање на Генералното Собрание на ОН ќе има и претседателот Горѓе Иванов во четврток.Претседателот Иванов синоќа присуствуваше на приемот што го организира американскиот претседател Барак Обама, додека денеска Иванов заедно со мнситерот за надворешни работи Никола Попвски ќе имаат средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.