Средба „за запознавање“ на Попоски и Аврамопулос во Њујорк

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.

Mинистерoт за надворешни работи Никола Попоски денеска во Љујорк се сретна со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос.

Од македонската делегација средбата, која е прва меѓу двајцата министри, ја опишуваат како можност за нивно запознавање. Македонската страна настапила со барање за почитување на времената спогодба и на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој пресуди дека Грција не смее да ги блокира македонските интеграции.

Грчкиот министер не дал обврски по ова прашање, наместо тоа од Македонија барал почитување на грчките чувства поврзани со нивната историја..
Двајцата министри во разговорот се согласиле дека повеќе од 20 години од почнувањето на спорот, односите се значително сменети. Аврамопулос се согласил дека веќе не е валиден првичниот грчки став, дека Македонија претставува закана за стабилноста на Балканот и дека има територијални претензии кон Грција.