Протести пред француската амбасада во Азербејџан

Околу 50 демонстранти протестирале пред француската амбасада во Баку, Азербејџан против карикатурите на пророкот Мухамед објавени минатата недела во француски весник. Полицијата го растурила собирот, притоа апсејќи неколку демонстранти. Минатата недела француски сатиричен магазин објави карикатури на пророкот, неколку дена откако во муслиманските земји луѓето започнаа протести против анти-исламскиот филм „Невиност на муслиманите“. Денеска демонстрации против филмот се одржа во Нигерија, Шри Ланка и Филипините.