Лекарите од Клиничките болници протестираа половина час

Клинички центар во Скопје.

Лекари од Клиничкиот центар денеска одржаа получасовен протест поради новиот модел за пресметување на платите односно плаќањето по учинок.
На протетестот, според проценките на организаторот - Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, излегле околу 95 отсто од лекарите кои претходо им искажале поддршка. Получасовен протест денеска одржаа и лекарите од клиничките болници во Битола и во Тетово.
За утре е најавено продлжување на преговорите на синдикалните претставици со министерот за здравство Никола Тодоров.

Претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар Дејан Ставриќ вели дека тие не отстапуваат од своите барања, ниту од тоа платите да им бидат зголемени за 100 отсто. Повтори дека се против новиот модел на пресметка на платите по учинок, бидејќи имал многу аномалии и со него се занемарувал квалитетот.
Основниот Скопје 2 во четвртокот го забрани штрајкот на лекарите, најавен за денеска, со образложение дека не биле исполнети условите за штрајк и немало програма по која ќе се одвива работата за време на неговот одржување.