Ослободени обвинетите за планирање убиство на карикатуристот Ларс Вилкс

Ларс Вилкс.

Шведскиот суд денеска ги ослободи тројцата обвинети за планирање на убиство на шведскиот уметник кој нацрта карикатури на пророкот Мухамед.
Апелациониот суд во Гетеборг ја потврди судската одлука на понискиот суд, дека нема доволно докази за осудување на тројцата мажи.
Тројцата мажи биле уапсени во Гетеборг на 11 септември 2011 година, на изложба која требало да ја посети и творецот на карикатурите Ларс Вилкс. Мажите носеле ножеви, а обвинителитете тврдат дека со нив планирале да го убијат Вилкс.
Вилкс живее под полициска заштита откако во 2007 неговиот цртежот со пророкот привлече смртни закани.