Mилион луѓе во Индија раселени од поплавите

Најмалку 1 милион луѓе во Индија се раселени од поплавите и силните дождови кои го погодија северозападниот дел на земјата, соопштија индиските власти. Државата Асам, се уште закрепнува од поплави во јули во кои беа поплавени 18 од 27 окрузи, а десетици луѓе загинаа. Повеќето од раселените луѓе се сместени во импровизирани кампови.