Казахстан доби нов премиер

Серик Ахметов.

Пратениците во Казахстан денеска едногласно го одобрија Серик Ахметов за нов премиер на земјата. Новиот премиер, досега беше заменик премиер. Претседателoт Нурсултан Назарбаев го именуваше Ахметов за функцијата, откако долгогодишниот премиер Карим Масимов и неговата влада поднесоа оставка.