Сименс ги негира обвинувањата на Иран

Германската компанија Сименс денеска негираше дека му продале опрема на Иран, на која имало прикачено мини експлозиви.
Иранските медиуми објавија дека пратеникот Аладин Борујерди кој преседава со парламентарната комисија за национална безбедност и надворешната политика изјавил дека Сименс му продал на Иран опрема за неговата нуклеарна програма, која содржи мини-експлозиви.
Сименс категорично го негираше обвинението. Иран претходно ги обвини Израел и западните земји дека се обидуваат да ја саботираат неговата нуклеарна програма.
Техеран инсистира на тоа дека развива нуклеарна програма за производство на електрична енергија, а не да направи атомски бомби, кои што се сомневаат западните држави.