Вестервеле за карикатурите - слободата подразбира и одговорност

Министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле.

Министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле, рече дека слободната на изразување подрaзбира и одговорност, коментирајќи го објавувањето на карикатурите со пророкот Муахмед во еден француски весник.
Слободната на изразување не значи да се навредуваат луѓе со друга религија или со поинакво мислење или свесно да се нарушува јавниот мир, изјави Вестевеле.
Францускиот весник Шарли Ебдо во средата објави карикатури со Муахмед, а претходно беше пуштен еден анти-исламски филм направен во САД. Филмот предизвика серија протести во муслиманските земји.
Германија најави дека ќе забрани прикажување на тој филм во германските кина.