Московската полиција привела 130 пијани возачи

Московската полиција соопшти дека привела повеќе од 130 пијани возачи во последните 24 часа, меѓу кои и човекот кој влетал на автобуска станица и со автомобилот усмртил 7 луѓе, а тројца повредил. Автомобилот се движел со брзина од 200 километри на час кога возачот изгубил контрола и удрил во станицата, соопштува полицијата. Возачот рекол дека пред несреќата два дена пиел. Тој и е познат на полицијата бидејќи и порано бил казнуван за возење со преголема брзина и возење во пијана состојба.