Бомбашки напади во Ирак

Архивска фотографија.

Најмалку 4 луѓе загинале, а неколку се повредени во две одвоени експлозии на бомби во Ирак. Во експлозија на бомба во минибус во Багдад загинале најмалку две лица, а шест се повредени. Во експлозија во Мосул, загинале двајца ирачки војници. Според АФП, најмалку 173 луѓе се убиени во напади во Ирак овој месец. Повеќе од 670 се повредени.