Пакистан се огради од ставот на министерот за творецот на анти-исламскиот филм

Премиерот Раџа Первез Ашраф.

Од Кабинетот на премиерот на Пакистан денеска изјавија дека не е владина политика тоа што еден министер вчера понуди 100 илјади долари за тој кој ќе го убие творецот на анти-исламскиот филм „Невиност на муслиманите“,

Портпаролот на премиерот Раџа Первез Ашраф изјави дека целосно се оградуваат од тоа.

Министерот за железници Гулам Ахмед Билор вчера понудени пари за главата на творецот на филмот, повикувајќи ги Талибанците и Ал Каеда да извршат „благородно дело“. Министерот рече дека би извршил убиство со свои раце ако му се даде шанса. Околу 23 луѓе загинаа во Пакистан во двонеделните протести против филмот.