Во Бангладеш генерален штрајк против анти- исламскиот филм

Во Бангладеш денеска се затоврени училиштата и фирмите откако конзервативните исламска групи повикаа на генерален штрајк во знак на протест против филмот со кој се исмева пророкот Мухамед.
Вчера во главниот град Дака, имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што десетици луѓе беа повредени, а десетици други уапсени.
Демонстрантите палеа возила, а полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
Во петокот, на протестите во Дака, имаше околу 10 илјади луѓе.
Филмот „Невиност на муслиманите“ предизвика насилни протести во муслиманскиот свет.