Морси- САД да го промени пристапот кон арапскиот свет

Египетскиот претседател Мохамед Морси.

Египетскиот претседател Мохамед Морси повика САД да го промени својот пристап кон арапскиот свет за да може да ги поправат односите и да го ревитализираат сојуз со неговата земја.

Морси, кој треба да отпатува во Њујорк следната недела за да присуствува на состанокот на Генералното собрание на ОН, за „Њујорк тајмс“ изјави дека на луѓето во регионот не им се допаѓа американската поддршка на диктаторските влади и безусловна поддршка на Вашингтон за Израел.

Морси го пофали претседателот Барак Обама за неговара решителност да ги поддржи револуциите или тн.Арапската пролет. Но, Морсиизрази загриженост за состојбата на Палестинците, кои се уште немаат своја држава.