По пола век пауза кинески висок претставник во посета на Кабул

Кинскиот претставник задолжен за безбедност и правда Жо Јонгканг.

По речиси 50 години пауза висок кинески претставик го посети Авганистан, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Кинскиот претставник задолжен за безбедност и правда Жо Јонгканг вчера имал средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул. Кинискиот политичар потоа изјавил дека средбата е во „согласност со основните интереси Кина и на Авганистан и за да се зајакне стратешката соработка и партнерство погодни за регионалниот мир, стабилност и развој.“
Последен кинески висок претставник кој го посетил Кабул, бил претседателот Лиу Саоги во 1966 година. При посетата на Пекинг во јуни, Карзаи вети дека заедно со Кина ќе работат против тероризмот и екстремизмот во регионот.