Избори во Белорусија, опозицијата ги бојкотира

Во Белорусија денеска се одржуваат парламентарни избори. Поголем дел од опозициските партии ги бојкотираат изборите. Изборните органи соопштија дека речиси 20 отсто од регистрираните гласачи веќе го дале својот глас на почетокот на гласањето од саботата попладне. Шест опозициски партии во петокот ги повикаа гласачите да ги бојкотираат изборите, велејќи дека изборите се фарса и дека се нарушени затоа што голем дел од политичките активисти се во затвор.
Амнести интернешнал соопшти дека предизборието било нарушено со апсења и притвор на членови на опозицијата.