Најмалку 10 загинати во немирите во Бенгази

Најмалку 10 лица загинаа во немирите до кои дојде кога околу илјада демонстрантите го нападнаа седиштето на екстремистичките групи во Бенгази. Револтот на демонстрантите го предизвика претходното делувањето како и влијанието на вооружените радикални формации во тој град.Учесниците во демонстрациите нападнаа повеќе згради меѓу кои и зградата што ја користи ултраконзервативната исламситичка група Ансар ел Шарија која се поврзува со минатогодишните напади врз американскиот Конзулат во Бенгази,кога беа убиени амбасадорот на САД Крис Стивенс и уште тројца американци.