Тодоров утре на средба со синдикатите,реакција на СДСМ

Министерот за здравство Никола Тодоров за утре закажа средба со претставниците на сите синдикати за здравство. На средбата, меѓудругото, ќе стане збор и за протестот на лекарите во кругот на установите, најавен за понеделник. Реагираше СДСМ. Во писмената реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на министерот Тодоров се вели дека Првиот министер во историјата на Македонија кој што со тужба против Синдикат го одложи штрајкот на лекарите продолжува да држи прес-конференции за активности што се секојдневна работа на едно министерство. Според СДСМ, министерот Тодоров во време кога јавното здравство во Македонија е во фаза на целосен распад, нема намера да се зафати со најсуштинските прашања: се полошиот квалитет на здравствена услуга.