Ѓоргиев: нема да има отпуштања од администрацијата


Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска кажа дека Владата нема да дозволи отпуштања од администрацијата.- Иако постојат определени притисоци, појави, случувања во регионот каде има отпуштање на работници како најновиот пример во Хрватска каде 20 илјади административци се отпуштаат од работа, и со оглед на европската должничка криза и притисокот што го прави врз Република Македонија, сепак Владата останува на ставот дека во идниот период нема да биде дозволено да се отпуштаат работници од администрацијата, рече Ѓорѓиев.