Бангладеш -Судири меѓу полицијата и демонстрантите поради филмот за кој сметаат дека е анти муслимански

Полицијата и демонстрантите се судрија во Дхака додека стотици луѓе продолжија со протестите против филмот направен во САД за кој се смета дека е анти муслимански.Полицијата соопшти дека судирите се случиле кога униформираните лица се обидела да ги спречат демонстрациите, откако биле запалени неколку автмобили. Исламиситичката организација во Бангладеш повика на одржување национален генерален штрајк во недела против филмот и со цел да се спречи полициското попречување на демонстрациите . Оваа недела над 2000 луѓе протестираа протв филмот во Бангладеш.