Златна „Камера 300“ за кинематографката Јоланта Дилевска од Полска

Добитник на златната „Камера 300“ на 33-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е Јоланта Дилевска од Полска, која беше зад камерата во филмот „Во мрак“ на Агњешка Холанд. Сребрената „Камера 300 “ му припадна на Алишер Камидкоџаев од Русија кинематографер во филмот „Да се живее“, додека бронзената „Камера 300“ му беше врачена на Лука Бигаци од Италија киноматографер во филмот Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ заврши со светската премиера на Македонскиот игран филм „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски.