Полицијата и дефинитивно ќе се вози во „шкода јети„

Жалбите на компаниите „Аутомотив груп“ и „Ка-Дис“ за тендерот за нови 150 автомобили за МВР, според Државната комисија за жалби по јавни набавки, се неосновани. По одбивањето на жалбите исполнети се условите за потпишување на договор со „Порше Македонија“ - победникот на последната електронска аукција, за набавка на полициски возила „шкода јети“.
На 3 септември Комисијата за јавни набавки на МВР потврди дека компанијата „Порше Македонија“ дала најниска понуда од 199.750.000 денари за набавка на возилата, односно за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата, за што се известени другите учесници на тендерот.
По изборот на „Порше“ како најповолен понудувач кој конкурира со автомобилот „шкода јети“, од фирмата „Ка-Дис“ изразија револт од одлуката за повторување на електронската аукција и побараа од државните институции да реагираат.
Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно