ОН ја осудија тортурата врз затворениците во Грузија.

Тбилиси - протести во близина на затвор

Високиот Комесаријат за човекови права на ОН ја осуди и побара истрага за тортурата и лошиот третман на затворениците во Грузија.
Злоупотребите беа документирани и прикажани на 4 видеа на приватна телевизија во Грузија што предизвика големи негодувања и протести во земјата.