Франција: повик до муслиманите да не протестираат

Француската амбасада во Техеран

Претставници на муслиманската заедница во Франција денеска ги повикаа верниците да не протестираат против филмот и каракитаурите во кои се исмева пророкот Мухамед. „Сметаме дека секој протест во овој момент би можело да биде контрапродуктивен“ изјави претседателот на Францускиот муслимански совет Мохамед Муасуи. Официјален Париз реши во 20 муслимански земји денеска да бидат затворени француските амбасади и училишта.