Оставка на министерот за внатрешни работи на Грузија

Бачо Ахалаја

Министерот за внатрешни работи на Грузија Бачо Ахалаја поднесе оставка по скандалот предизвикан од објавеното видео на кое затвореник е малтретиран од затворски чувари. Тој изјави дека чувствува "морална и политичка одговорност" за неуспехот да се искорени тортурата од затворите во Грузија.
Заменик министерката Ека Скуладзе е назначена за вршител на должноста министер, додека Народниот правобранител е назначен да го замени министерот задолжен за затворите, кој поднесе оставка во средата.
На 1 октомври во Грузија ќе бидат одржани парламентарни избори, на кои владејачката партија на претседателот на државата Михаил Саакашвили ќе се соочи со опозицискиот блок предводен од милијардерот Бидзина Иванишвили.