Сирија- експлозија на бензинска пумпа, десетици жртви

Архивска фотографија.

Голем број луѓе, наводно, биле убиени или повредени во експлозија на бензинска пумпа во Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон цитира активисти кои велат дека експлозијата е предизвикана од страна на владините воздушни напади. Активистите изјавија дека најмалку 110 луѓе биле убиени или повредени во експлозијата. Местото Еин Асса каде се случила експлозијата е околу 40 километри одалечено од турската граница. Засега нема дополнителни детали за експлозијата.