Тодоров-штрајкот е право, но носи и обврски

Министерот за здравство Никола Тодоров не ја коментираше одлуката на Судот за забрана на штрајкот на лекарите, со образложение дека не ја добил. Toj ги негира тврдењата дека судското рочиште било експресно закажано.

Тодоров вели дека никој не може да го суспендира правото на штрајк, ниту тој ниту кој било друг во државата, меѓутоа, вели, секое право носи и обврски.

„Прво мора да има процес на помирување и треба да има определување на минимум работи кои ќе се извршуваат за време на штрајк. Потребно е сите вработени кои учествуваат во штрајкот да бидат известени дека за време на штрајк не се исплаќа плата, туку само придонеси на плата и тоа на минимален износ“, вели Тодоров.