Во Атина протест на полицајците

Десетици грчки полицајци денеска протестираа пред зградата на Владата, поради мерките за штедење што ги планира официјална Атина.

Полицајците предале петиција до грчката Влада. Петицијата била потпишана и од припадници на крајбрежната стража и противпожарната служба.

Во меѓувреме, шефот на грчката полиција издаде наредба со која им се забранува на полицајците кои работат како телохранители на политичари да се повлечат од работните места. Полицајците кои нема да ја почитуваат наредбата ќе се соочат со дисциплински постапки.