Сирија- хеликоптер кој се урна удил во опашот на патнички авион

Сириските власти информациираат дека сирискиoт воен хеликоптер кој се урна во близина на Дамаск, удил во опашот на еден патнички авион. Министерството за информации соопштува дека патничкиот авион кој превезувал 200 патници слетал безбедно во Дамаск и никој не е повреден. Сириска државната телевизија претходно јави дека воен хеликоптер се урнал источно од Дамаск.
Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека хеликоптерот бил соборен од страна на бунтовниците.