Карзаи отпушти пет провинциски гувернери

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска отпушти пет провинциски гувернери, како дел од напорите на владата да поттикне реформи. Меѓу отпуштените е и гувернерот на провинцијата Хелманд, кој од страна на британските и американските официјални лица се смета за важен сојузник во борбата против Талибанците. Останатите гувернери се оние на провинциите Кабул, Бадгис, Нимроз и на Вардак.