Во Хаг состанок на "Групата пријатели на сиријскиот народ"

Дипломати од над 60 земји денеска во Хаг учествуваат на состанокот на така-наречената Група пријатели на сиријскиот народ, на кој се расправа за економски санкции против актуелниот режим во таа земја. Холандскиот министер за надворешни работи, Ури Розентал, на почетокот на состанокот изјави дека со санкциите треба да биде извршен притисок врз режимот на претседателот Башар Ал Асад. Не е прашање дали, туку кога Асад ќе си замине од функцијата, оцени Розентал. Грпата пријатели на сиријскиот народ е формирана откако Советот за безбедност на Обединетите Нации не успеа да постигне согласност за резолуција со која ќе биде осуден режимот на Асад.