Претставници на ОБСЕ не добија виза за Белорусија

ОБСЕ соопшти дека на двајца нивни претставници не им одобриле визи за да можат да ги мониториратт парламенатрните избори во Белорусија. Белорусија одбила да им даде визи без при тоа да им објасни зошто не им дозволува да влезат во државата. Лидерите на опозицијата во Белорусија најавија дека ќе ги бојкотираат изборите во недела жалејќи се за можностите за изборен фалсификат и за политичките затвореници. Претседателот Александар Лукашенко е на власт во Белорусија од 1994 година, а земјата стана особено изолирана по неговото 4-то стапување на фунција во 2010 година.