Обама и Карзаи разговараа за „внатрешните“ напади

Американскиот претседател Барак Обама вчера одржа видео-конференција со неговиот авганистански колега Хамид Карзаи, со кој разговараше за напорите за намалување на нападите врз американските и авганистанските сили. Најмалку 50 војници се убиени при инсајдерски напади годинава во Авганистан. Белата куќа соопшти дека Обама и Карзаи разговарале и за потребата од воздржаност од како што ги нарекоа „ запаливи материјали“, претпоставувајќи дека станува збор за осврнување на филмот кој предизвика протест во исламскиот свет против амбасадите на САД.