МНР ја потврди средба Попоски-Аврамопулос во Њујорк

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос ќе имаат средба во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.

„Не радува фактот што грчката страна позитивно одговори на нашите иницијативи за средби„, велат од македонското МНР.

МИА јави дека Аврамопулос средбата ја најавил за време на брифингот пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика.

Тој изјавил дека Грција на оваа средба оди со ставот дека Атина „прави се и е конструктивна во процесот за решавање на прашањето за името“.