Брисел ќе ја моли Турција да стане членка на ЕУ

Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан изјави дека Европската унија пет децении „нечесно“ се однесува кон неговата земја, но оти „ќе дојде ден, кога Брисел ќе ја моли Турција да стане членка“.

„ЕУ се уште не полева со студен туш, и покрај тоа што Турција, за разлика од поголемиот број земји-членки на ЕУ, одговара на критериумите од Мастрихт. Сепак, ќе дојде ден, кога ќе не молат да станеме членка, истакна Чаглајан, додавајќи оти „тогаш Турција ќе реши дали да стане членка или не“.

Тој посочи дека Турција „има право да стане членка на ЕУ“ и нема намера да се повлече од преговорите.