Во Авганистан нови протести против анти-исламскиот филм

Стотици студенти протестираа денеска во источниот авганистански град Џалалабад изразувајќи го својот гнев против анти-исламскиот филм направен во САД, со кој се навредува пророкот Мухамед. Околу 400 студенти го блокирале главниот пат што води кон Кабул, извикувајќи антиамерикански слогани. Локалните официјални лица соопштија дека патот бил блокиран само еден час и демонстрантите запалиле слики од „лидери на Западните земји.“ Протести претходно оваа недела имаше и во Кабул и во северниот град Кундуз.